Синоќешниот натпревар против Малта, за нашиот голман Столе Димитриевски беше јубилеен, 60-то во дресот на Македонија.
Со тоа чуварот на македонската мрежа и на шпанскиот тим Рајо Ваљекано стана голманот со најмногу настапи во македонскиот дрес минувајќи го легендарниот Петар Милошевски, кој несреќно го загуби својот живот.
Фудбалската федерација и самиот Столе, не заборавија на големината на човечноста која во себе ја имаше Милошевски, па во објавата напишаа:
Охрабруваше, покренуваше, обединуваше. Беше посебен. Посебен човек.
“Вечерва бранев на 60-от натпревар за македонската репрезентација. Искрено, среќен сум за тоа, но длабоко во себе секогаш ќе се сеќавам на 59-те натпревари на Македонија со Петар на голот. Вечна нека ти е славата, наш Пеце. Вечерва сите игравме и за тебе”, истакна Димитриевски.