Додека на европскиот континент актуелен е стартот на квалификациите за ЕП, ширум светот се играат пријателски репрезентативни натпревари.

Еден од нив беше и дуелот во Буенос Аирес каде светскиот шампион Аргентина, го за прв пат пред својата публика настапи по освојување на Мундијалот, пречекувајќи ја Панама.

Многу емоции, пред и за време на натпреварот, од над речиси 90.000 гледачи, кореографија за паметење и гол за незаборав е накратко ова што се случување на стадионот на Бока.

Најнапред солзи при интонирањето на химната, меѓунив и на најдобриот светски фудбалери Лионел Меси, селекторот Скалони, но и најголемиот дел од „златните“ Атгентинци од Мундијалот.

А, на крајот и еуфорија. За тоа се погрижи кој друг ако не Меси, кој со прекрасниот погодок во финишот на мечот ја потврди победата на „гаучосите“ со 2-0, притоа постигнувајќи го својот 800 гол во кариера.