Вечерва на арената ,,Тодор Проески’’ Македонската фудбалска репрезентација го отвара квалификацискиот циклус за Европското Првенство 2024 година во Германија.
Првиот од вкупно осум натпревари во овој квалификациски циклус, избраниците на Благоја Милевски ќе го одиграат против селекцијата на Малта, единствениот противник против кого го имаме епитетот – фаворит.

Ждребот посака Македонија да се најде во една од најтешките групи, предводена од финалистите на последното европско првенство, Италија и Англија, а тука е и уште секогаш незгодата и силна репрезентација на Украина.

Македонската репрезетнација до сега беше дел од 7 квалификациски циклуси за пласман на контиентеалниот собир, а најдобар пласам имавме на последниот циклус кога го освоивме третото место од вкупно шест селекции во групата.
Во три наврати бевме четвртопласирани, во квалификациите за Европските првенство во 1996,2000 и 2004, два пати бевме петто пласирани и тоа во квалифиакциските циклуси за 2008 и 2012, а само еднаш бевме последнопласирани и тоа во квалификациите за Европското првенство 2016 година.
Македонија и Малта до сега еднаш беа во иста квалификациска група за пласман на Европско и тоа во сега веќе далечната 2000 година. Во тој квалификацски циклус нашата репрезентација два пати запиша победа.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2024 Германија
ГРУПА Ц
*23 МАРТ*  МАКЕДОНИЈА – МАЛТА
16 ЈУНИ  МАКЕДОНИЈА–УКРАИНА
19 ЈУНИ АНГЛИЈА–МАКЕДОНИЈА
09 СЕПТЕМВРИ МАКЕДОНИЈА–ИТАЛИЈА
12 СЕПТЕМВРИ МАЛТА –МАКЕДОНИЈА
14 ОКТОМВРИ УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА
17 НОЕМВРИ ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА
20 НОЕМВРИ МАКЕДОНИЈА – АНГЛИЈА