Без победник заврши пресметката во осминафиналето од Лигата на шампионите во Полска меѓу Висла и Нант. Ова беше едеб од трите дуели што се одиграа вечерва, а дуелот во ПЛоцк заврши 32:32, со тоа што секоја од екипите добија по едно полувреме со 18:18. Гостите од Франција првото, а домаќинот второто.

Унгарската пресметка во Сегедин заврши со убедлива победа на гостите Веспрем со 36:23. Комплетната работа повеќекратниот унгарски првак ја заврши во првите 30 минути кои завршија со резултат 20:7. Најефикасен на дуелот беше Гашпар Маргуч со 11 голови од 12 обиди.

На третиот дуел од нок аут фазата одигран вечерва очекуван исход. Бундеслигашот Кил го надигра Динамо Букурешт на негов терен со 41:27 и реваншот ќе биде формалност, слично како на дуелот на унгарските екипи.

Утре на програмата е последното осминафинале меѓу Алборг и ГОГ.