Македонија утревечер на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје, го започнува новиот квалификациски циклус, овој за Европскиот шампионат во Германија 2024-та година.

Селекторот Благоја Милевски како никогаш досега на располагање ги има речиси сите фудбалери кои се најдоа на неговиот список, исклучок, Дариан Бабунси кој се здоби со повреда.

Сепак, тоа нема да ги измести плановите на црвено-жолтите, за утрешниот меч кој сите до еден со нетрпение го очекуваат. Позитивната атмосфера која и вечерва беше видлива во нашиот табор, е причина повеќе да веруваме дека Македонија со победа ќе ги отвори овие квалификации.

Видеото што следува само го потврдува она што го пишуваме, па затоа без многу детални објаснувања, на крајот само ве повикуваме, утревечер (20.45 часот) сите на стадион и да им дадеме поддршка на нашите фудбалери.

ЗА МАКЕДОНИЈА !