Ракометарите на Алкалоид ќе имаат „невозможна мисија“ да обезбедат пласман во групната фаза на Европската лига.
Тимот од Автокоманда ќе треба да надополни 10 голови негатива против германскиот Хановер во реваншот во Скопје.
Откако првиот меч на гостински терен го загубија со 27-37, сега избраниците на Кирил Лазаров се пред најголемиот предизвик. Јасно е дека задачата ќе биде исклучително тешка, па речиси и невозможна, но сепак во таборот на „фармацевтите“ не губат надеж, дека може барем да се израдуваат на победа.
„ Мене ми е малце искрено жал со ајде можам да кажам загубивме со нереални десет голови разлика и неочекувани за мене.
Сабота е убав ден и ќе го подигнеме пехарот од она што го направивме минатата сезона, а тоа е пехар од третото по квалитет европско натпреварување.
Ветувам и се надевам дека ќе одиграме еден комплетен натпревар, а што тоа значи ќе видиме после 60-те минути, затоа што противникот е сериозно квалитетен тим“, изјави тренерот Кирил Лазаров.
Натпреварот Алкалоид – Хановер што ќе се игра во сабота во салата „Автокоманда“ ќе почне до 19 часот.
Дуелот ќе може да го гледате низ тв пренос на МРТ и на ликот овде во ЖИВО.