Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија се израдува на победа во претквалификациите за СП 2027.
Во последниот, четврти, натпревар македонските кошаркари го впишаа првиот и единствен триумф. На дуелот одигран вечерва во СЦ ,,Кале”, Македонија ја совлада од Унгарија со 82-75 .
Во воведните пет минути двете селекции се менуваа во водство, по што Унгарците направија серија од пет Пеони и поведоа 12-15. Сепак жолто-црвените возвратија со единаесет во низа па првиот квартал го добија со 23-15.
Серијата продолжи и на стартот на втората четвртина, па Македонија во 12.минута дојде до двоцифрена предност 25-15. Иако гостите во неколку наврати успеваа да намалат, сепак на одмор Македонија замина со најголеми +13 (45-32).
Речиси по исто сценарио мина и третиот квартал. Им припадна на нашите кошаркари со еден разлика, па во последниот Македонија влезе со +14 (64-50). Во 35.минута жолто-црвените имаа и најголеми +17 (76-59). Тука веќе беше јасно дека Унгарците неможат повторно да се вратат во игра, па Македонија го доби мечот со 82-75 .
Најефикасен во нашата селекција повторно беше Џејкоб Вајли со 23 поени. Со двоцифрен број на поени натпреварот го завршија Ташковски и Митревски кои додадоа по 14.
Така подмладениот македонски национален тим овој квалификациски циклус го заврши со една победа и три порази.