Машката одбојкарска репрезентација на Макеоднија, веќчерва во Атина ќе го игра третиот натпревар во квалификациите за Европскто првенство 2026-та. Дуелот против Грција може да биде клучен пласман на Европскиот шампионат.
Резултатите од натпреварите од другите групи, ни одат во прилог, во трката за петте позиции на наддобро второ рангираните селекции. Избраниците на селекторот Миленковски уште вечерва може да ја завршат работата и четврти пат да обезбедат пласман на континенталниот собир.
Грција е противник со кој во последните три соочувања имаме три порази, важат за фаворити, а играат и на домашен терен. Но, ниту еден од овие факти не ги плаши македонските репрезентативци. Сепак желбата повторно да се биде дел од европската елита е само дел од мотивите кои ги имаат макеоднските одбојкари.
Но, велат „јунаците на маката се познаваат„ па во дуелот со силниот противник ќе се брка не само бод (сет) туку и победа.
„Дуелот со Грција е еден од најважните натпревари за нас летово. Потребен ни е минимум сет против Грција и мислам дека нема да го бараме минимумот, туку ќе одиме на максимум и зошто да не приредиме изненадување во Атина!? Големо е значењето на овој натпревар – пласман на ЕП и сите сме свесни за тоа. Мотивација и инспирација не ни недостасуваат, желбата е голема и може да очекуваме добра игра, па зошто да не и победа“, изјави Филип Савовски.
Денешниот дуел меѓу Грција и Македонија ќе се игра во терминот од 19 часот.