По вчерашното гостување во Унгарија, машката кошаркарска репрезентација на Македонија, веќе е во Ородеа. Таму во среда Македонија ќе игра против репрезентацијата на Романија

Тие зад себе ги оставија случувањата на синоќешниот натпревар против Унгарија, во кој бевме убедливо поразени од домашната селекција.

Сега сите мисли се насочени кон реваншот со Романија, од која бевме поразени во првиот меч одигран во Куманово.

Стручниот штаб предводен од селекторот Марјна Илиевски, се одлучи за мали промени во распоредот на активностите.

Со оглед на присутниот замор во екипата, извесно, ќе биде намален бројот на планираните тренинзи. Така наместо двата утрешни тренинзи, ќе биде одработен еден, а според истиот план ќе се тренира и наредниот ден.

Планиран е и еден (утрински) тренинг, на денот на одигрување на натпреварот во Арената „Орадеа“, кој се игра на 13. август, со почеток од 18 часот.

Следете нé на социјалните мрежи