Машката одбојкарска репрезентација ана Македонија денеска ќе одигра натпревар против Бугарија.
Оца е последниот меч од 49-тото издание на меморијалниот турнир ,,Бранко Хаџилиљоски Чајка” што се одржува во Скопје.
Македонските одбојкари во првиот меч од овој турнир беа поразени од Швајцарија (1:3), која пак вчера загуби од Бугарија.
За избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ова ќе биде последниот тест меч пред евро-квалификациите.
Македонските одбојкари ги чекаат последните два меча за пласман на ЕП, против Грција и Грузија.
Денешниот меч со Бугарија ќе почне до 19 часот, а влезот во салата е слободен.