Машката кошаркарска репрезентација немаше многу време за одмор и посериозни анализи на она што беше одиграно во Куманово, против Романија., каде за жал загубивме.
Од денеска друга тема за дискусија „како да се биде подобар од Унгарија“ и тоа на гостински терен, макар што селекторот Марјан Илиевски се „враќа назад“ на она што беше забележано на дуелот со Романија:
„Морам да го повторам тоа, се надевам дека во иднина нема да морам, тоа што значи како предност за екипите кои што се заедно, и играчите кои што имаат свои улоги во клубовите. Она што е наш недостаток е новото создавање на оваа репрезентација. Паралелно на сето тоа, овие наши играчи, немаат забележителна улога во екипите за кои настапуваат.
Она што ќе го истакнам за последниот натпревар, тоа беше натпревар каде треба да ги пофалам сите момци кои го дадоа својот придонес на паркетот., својата енергија. Сето она кое што следи, ќе доаѓа со нивното искуство за вакви натпревари. Се надевам дека во сето тоа ќе имаме подобрување. Можеби нема да дојде преку ноќ, можеби нема да дојде во овој ‘прозорец’ сега. Меѓутоа, ова ќе значи многу за она што претстои“, изјави Илиевски.
Во однос на она што претстои, следниот натпревар против Унгарија, селекторот вели:
„Унгарците се една атлетска екипа, која што игра брза и модерна кошарка. Екипа каде сите играчи шутираат од сите позиции. Нивниот играч Војвода, е со најголема возраст, и е клучен играч во таа репрезентација.
Сето она кое што треба да го направиме, е да ја спречиме таа нивна игра во транзиција. Да се обидеме сите отворени шутеви да ги затвориме.
Сето она кое што е наша особина, и наша карактеристика, колку што можеме да го подобриме нападот. Бидејќи одбраната е желба, а кај нас таа постои. И нормално е дека секогаш постои простор да се поправа. Тоа, заедно со малку поголема самодоверба кај младите играчи да го реализираат тоа во нападот, верувам дека сето тоа ќе изгледа многу поразлично“, заклучува Илиевски.
Македонските репрезентативци веќе се на пат кон Шолнок,. каде во сабота (18 часот) ќе го играат натпреварот со Унгарците.



































