49-тиот меѓународен меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ го годинава е во функција на машката одбојкарска репрезентација на Македонија.

Од денеска до четврток во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се играат три натпревари на овој турнир. Два од ни за македонските одбојкари ќе бидат и последни контроли пред евро-квалификациските дуели со Грција и Грузија.

„Веќе 20 дена заедно 32 дена е овој циклус со 37 тренинзи и со четири пријателски натпревари.

Учеството на овој турнир ќе ни помогне да постигнеме нашата препознатлива форма токму пред клучните натпревари со Грција и Грузија на кои ќе се одлучува пласманот на ЕП.

Ќе учествуваме на еден од најпрестижните турнири во регионот. Јас лично многупати сум учествувал и на клупско ниво и со националниот тим, и задоволството е уште поголемо. Очекуваме целокупната јавност да ни даде поддршка во овие наши напори, да бидеме победници на овој турнир.

Во моментов можеби резултатот не е приоритет, туку повеќе да биде во функција за подготовка за дуелите со Грција и Грузија во тој момент да бидеме во најдобрата форма“, изјави селекторот Јошко Миленкоски. 

Македонија првиот натпревар го игра утре во 17:45 часот против Швајцарија. В среда нашите одбојкари се слободни додека Швајцарците се соочуваат со Бугарија од 19 часот. На последниот натпревар в четврток од 19 часот Македонија ја пречекува Бугарија.

Влезот на сите натпревари во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде слободен, додека дуелите на Македонија ќе имаат и директен телевизиски пренос на МРТВ 3.

Следете нé на социјалните мрежи