Големи дилеми имаше предводникот на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, Марјан Илевски.
Тој го направи изборот на 12-мината кошаркари за вечерашниот натпревар против Романија.
Од оние кои беа во тимот, од конкуренција испаднаа Марко Миловановиќ, Никола Василевски и Марко Лукановски.
Ова се дванаесетмина кои против Романците ќе атакуваат на победа:
Андреј Магдевски (капитенот, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски.
Натпреварот Македонија – Романија почнува во 20 часот. Може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв предност на МРТ.




































