Машката јуниорска селекција на Македонија, го претрпе петтиот пораз на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Белград.
Во натпревар од разигрувањето за пласман во 9 до 16 место, Македонија денеска е поразена од Израел со 73-85.
Уште од самиот почеток противникот го наметна своето темпо и од минута во минута ја зголемуваше предност. Израелците по првиот квартал имаа двоцифрена предност (16-26), а во вториот и најголеми +16 (24-40).
На паузата меѓу двете полувремиња, Македонија замина со негатива од 11 поени (38-49). Во третата четвртина намаливме уште два од негативата. Со серијата од пет поени во низа за нецели четири минути до крајот црвено-жолтите дојдоа до -4 (71-75). Сепак немаа сили за комплетен пресврт, напротив, па на крајот загубија со 12 разлика.
Како и на изминатите натпревари и овојпат македонските кошаркари шутираа лошо за три поени (6/29). Иако го одиграа најдобриот свој натпревар, сепак тоа не беше доволно, македонските јуниори да се израдуваат на првата победа.
Втората шанса за опстанок во елитата., македонските јуниори ќе ја имаат утре во дуелот со поразениот од мечот Белгија – Австрија.




































