Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија забележа триумф над Швајцарија во контролен натпревар одигран во Гевгелија.
Како дел од подготовките за претстојните квалификации за СП 2027, македонските кошаркари денеска го одиграа првиот од двата меча со Швајцарија.
Во салата во Негорски бањи, каде и се одвиваат подготовките Македонија ја совлада Швајцарија со 62-56 .

Лошо го отворија натпреварот македонските репрезентативци кои првите поени ги постигнаа на истекот на четвртата минута за 2-7. Влегувањето во игра на Вајли, малку ја размрда нашата одбрана, но пред се напад. Сепак, гостите го добија првиот период со 11-15. Тешко се постигнуваат поени и на стартот на вториот квартал. Конечно, во 13.мимута Вајли го донесе прво израмнување на натпреварот 18-18, а кратко потоа, следуваше и прво водство 22-19. Во финишот на полувремето Македонија имаше и осум поени предност (36-28), а на одмор замина со +6 (3630).

Во второто полувреме, односно 27.минута, Македонија имаше и најголеми +20 (53-33). Таквата предност му овозможи на селекторот Илиевски да ги провери сите кошаркари. Сепак, Швајцарците го искористија тоа, па во последните 10.минити влегоа со 11 поени негатива (52-42). Сепак гостите не само што немаа сили, туку и нашата селекција не им даде можност да се понадева на комплетен пресврт. На крајот Македонија заслужено славеше триумф.
Вториот дуел овие две селекции ќе го играат веќе утре, на исто место во исто време (19 часот).
По овие натпревари репрезентацијата се враќа во Скопје, а на 30 јули оди во Куманово. Таму на 2 август ќе се игра првиот квалификациски натпревар, а ќе гостува Романија.



































