Со победата од 36:23 против Вардар Неготино ракометарите на Алкалоид обезбедија пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. Ракометарите на тренерот Кирил Лазаров во првото полувреме се мачеа да го скршат отпорот на противникот и на полувреме резултатот беше 17:16.

Сепак во вториот дел поголемиот избор на квалитетни ракометари кај Алкалоид го издржаа напорот, дека во два дена се играат два натпревара и остварија убелива победа. Најефикасен на дуелот беше играчот на Вардар Неготино Лазар Адамовиќ со 9 голови, а кај победникот најпрецизен беше Дамјан Митев со 7 голови.

Покрај Алкалоид претходно полуфинале и настап на завршниот турнир обезбедија Вардар (бранител на трофејот), Еурофарм Пелистер и Пролет 62.