Фудбалерите на Работнички се поразени во првите натпревари во УЕФА Конференциската лига.
Работнички на неутрален терен во Унгарија, загуби од екипата на Торпедо-Белаз со 3-0 во дуел од првото квалификациско коло.
Белорускиот тим тргна офанзивно од самиот почеток, а тоа вроди со плод уште во 12-тата минута. По корнерот од левата страна, заспаноста на одбраната на Работнички, ја казни Павел Седко за водство на Торпедо од 1-0.
Во вториот дел иницијативата на белоруската екипа продолжи. Таквата игра повторно им донесе ефект, но со многу среќа.
Во 64-минута Побудев биеше од далечина, а топката кон голот на Работнички зафати еден од фудбалерите на „Романтичарите“ и заврши во мрежата за 2-0.
Доминацијата на теренот составот на Торпедо ја потврди со уште еден гол. Се играше третата минута од судиското дополнение кога Сиивен Алфред погоди за конечни 3-0.
Реванш натпреварот ќе се играат следниот четврток во Скопје, на арената „Тодор Проевски“.


































