Младата машката репрезентација на Македонија за одбојкари до 19 години е во Бања Лука, ќе настапи на Балканското првенство.
Нашите надежи се дел од групата А, додека во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.
Во првиот натпревар вечерва што ќе се игра во салата „Борик“, македонските надежи за противник ќе ја имаат селекцијата на Босна и Херцеговина. Почетокот на мечот е закажан во последниот термин од 20:30 часот.
Во второто коло, утре, нашите кадети од 15:30 ќе ги одмери силите со Романија. На 11 јули (петок) во последната рунда од групната фаза во истиот термин (15:30 часот) ќе се соочиме со Турција.
Во зависност од местото на кое ќе финишираме во групната фаза на 12 и 13 јули закажани се полуфиналните натпревари и разигрувањето, односно финалните мечеви и средбите кои ќе го дефинираат конечниот пласман на Балканскиот шампионат.
Денешниот меч Македонија – БиХ што почнува во 20.30 часот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.





































