Возачите на Мекларен ги освоија првите две места на 11-тата трка во Формула 1 шампионатот што се возеше за Големата награда на Австрија.

Тие на патеката во Спилберг, од самиот старт ја поведоа колоната и континуирано ја зголемуваа предност. а битката за првото место не изостана.

Поуспешен на крајот беше Ландо Норис кој прв ја мина целната рамнина и ја оствари својата трета сезонска победа. Веднаш зад него заврши Австралиецот, Оскар Пјастри. Место на пиедесталот избори и Шарл Леклер од на Ферари пред својот тимски колега Луси Хамилтон

Актуелниот светски шампион Макс Верстапен уште во прв првиот круг ја заврши трката, откако беше удрен од Антонели.

Во Генералниот поредок лидер е останува Пјастри со 216, сега само четири повеќе од Норис (201). Далеку зад двоецот на Мекларен е бранителот на шампионскиот трофеј Верстапен кој остана на 155 бодови.

Возбудувањата во Ф1 шампионатот продолжуваат веќе следниот викенд кога на програмата е 12-тата трка. На патеката Силверстон ќе се вози британското Гранд-при.

Следете нé на социјалните мрежи