Заврши сезоната во најсилната светска кошаркарска лига НБА. Нов шампион е тимот на Оклахома Сити Тандер.
Популарните „Громови“ ја совладаа Индијана Пејсерси во решавачкиот седми натпревар со 103:91 и со 4-2 во победи го добија финалето.
Најголемиот дел од натпреварот гостите од Индијанаполис го играа без својот најдобар играч. Имено уште во седмата минута Тајрис Халибартон заработи сериозна повреда иако до тој момент беше незапирлив. Пејсерси го добија првото полувреме, но во третата четвртина потклекнаа.
Предводени од Шаи Гилгус-Александар кој натпреварот го заврши до дабл-дабл со 29 поени и 12 асистенции, Тандерс стигнаа до заслужен триумф. Канаѓанецот кој го освои признанието за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната, го понесе и она за најдобар во финалето.
Ова е прв пат во историјата екипата на Оклахома Сити Тандер да биде крунисана за шампион на НБА лигата.