На денешната прес-конференција беа промовирани и членовите на стручниот штаб, на мапката сениорска кошаркарска репрезентација на Макеоднија.
Новиот селектор Марјан Илиевски во својот стручен штаб ќе има искусни имиња.
Поранешниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром и помошник во повеќе европски гиганти, со огромно меѓународно искуство Боби Митев. Професорот на катедрата за кошарка, Борче Даскаловски, некогашен предводник на Карпош Соколи и на МЗТ Скопје Уни Банка, скопски Вардар. Со нив е и Мирко Петрески, кој во минатото беше селектор на младинската селекција, а изминативе години беше помошник во турскиот тим Бурса
Сите тие треба да помогнат во враќањето на сениорската кошаркарска репрезентација на старите патеки.




































