Ракометарите на Магдебург се новите шампиони на Европа.
Тие во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите одиграно во Келн, го совладаа германскиот ривал Фуксе Берлин со 32:26 (16:12). Со тоа Магдебург му се одмаздија на денешниот ривал за губењето на титула во Бундес лигата.
Кристијансон со осум гола и Клас со шест, беа најзаслужни за триумфот на повратниците на европскиот трон. Гидсел постигна седумте гола за Фуксе, но не беа доволни за Берлин да го загрози триумфот на Магдебург.
Кога е во прашање натпреварот за третото место. Утешната награда им припадна на ракометарите на Нант кои славеа против бранителот на трофејот од лани Барселона со 30:25.