ОДРЕДЕНИ ДВОЈИТЕ ЗА 1/4 и 1/2 ФИНАЛЕТО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ
Со денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА, одредени се двојките да четвртфиналето во елитната фудбалска Лига на шампиони.
Најголемото внимание се очекува да привлече пресметката меѓу Манчестер Сити и минхенски Баерн. Бранителот на шампионскиот трофеј Реал Мадрид за противник ќе го има англискиот Челзи, додека единствениот македонски претставник во ова натпреварување Ељиф Елмас со својот Наполи ќе игра во италијанска пресметка со Милан.
Последниот пар го сочинуваат Интер и Бенфика.
Двојки за 1/4 финалето
РЕАЛ МАДРИД – ЧЕЛЗИ
ИНТЕР – БЕНФИКА
МАНЧЕСТЕР С. – БАЕРН МИНХЕН
МИЛАНО – НАПОЛИ
Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 11 и 12 април, а реваншите ќе се играат на 18 и 19 април,
Воедно одредени беа и можните парови за полуфиналето кое на програмата е на 9 и 10 мај, односно реваншите ќе се играат на 16 и 17 мај, па така во него би играле победниците од дуелите, Милан – Наполи и Интер – Бенфика, односно Реал мадрид – Челзи и Манчестер С. – Баерн М.
Големото финалето ќе се игра во Истанбул на 10 јуни.