Со три натпревари денеска, стартуваат четвртфиналните турнири во ракометниот Куп на Македонија во двете конкуренции.

Програмата ќе биде отворена со натпреварите во групата 2 кај мажите чии средби ќе се играат во салата „Македонско сонце“ во Скопје, а ќе ги заокружат дамите во Битола, со дуелот од четвртата група.

Бранителот на куп трофејот Вардар ќе биде домаќин на средбите од групата 1 што ќе се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, а вардарци решија влезот за сите натпревари да биде слободен.

Интересно се очекува да биде во Автокоманда, особено на пресметката меѓу домаќинот Алкалоид и Бутел, а кај дамите пак најголемо внимание секако ќе привлече дуелот меѓу актуелниот шампион и куп победник Ѓорче Петров и екипата на Чаир.

Само победниците од четирите групи во двете конкуренции, ќе обезбедат учество на завршниот турнир на Купот на Македонија, што ќе се одржи во мај месец.

Комплетните двојки и саатниците на одигрувањето на натпреварите можете да ги видите ОВДЕ