Фудбалската реш презентација на Македонија одигра уште еден брилијантен натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026-та. На арената „Тодор Проевски“ во Скопје пред над 25.000 гледачи, македонските фудбалери одиграа храбро против големиот фаворит Белгија, а освен бод (1-1) заслужија и повеќе.

По почетната иницијатива на Белгијците, првата голема шанса ја имаше Македонија. Во 25.минута Енис Барди проби сам пред гостинскиот гол, но неговиот обид голманот Селс успеа да го одбрани.

Само две минути подоцна (27) многу среќа за Белгијците повторно. Прво ударот на Елмас заврши во стативата, а на одбиената топка налета Алиовски, но и неговиот удар заврши во стативата.

И кога тие шанси не беа искористени, следуваше непишаното правило и казна на спротивната страна. Во 29.минута по акцијата на Лукаку, топката среќно се одби до Де Кујпер кој ја затресе мрежата на Димитриевски и донесе водство на Белгија од 0-1.

На самиот старт на вториот дел, црвено-жолтите тргнаа по офанзивно.

Во 48.минута по брзата контра, топката дојде до Елмас кој успеа да ја затресе противничката мрежа. Сепак по прегледувањето на ВАР снимката, голот беше поништен. Сам пет минути подоцна, по акцијата на Елмас, обидат на Костадинов заврши високо над голот на противникот.

Во 74.минута имаше старт во шеснаесетникот на гостите врз капитенот Барди, но и по прегледувањето на ВАР снимката, судиите решија да не досудат пенал.

Сепак конечно среќата ни се насмевна во 86.минута. По одличната асистенција на Чурлинов, со ефектен гол Алиовски го израмни резултатот на 1-1.

По три одиграни натпревари, Македонија има 7 бодови, но сега е втора зад Велс кој вечерва славеше над Лихтенштајн со 3-0.

Следно за нашите фудбалери е гостувањето во Астана кај Казахстан веќе во понеделник.

FOTO: Matejco

КВАЛИФИКАЦИИ СП 2026 | МАКЕДОНИЈА by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА