Најдобрата женска одбојкарска репрезентација на Македонија, ја оствари втората победа во Европската Сребрена лига.

Откако минатиот викенд играа во Струмица, а остварија триумф над Лихтенштајн и беа поразени од Швајцарија, нашите одбојкарки сега се на Фарските Острови.

Тие во првиот меч од турнирот број 2, попладнево ја совладаа домашната селекција со убедливи 3:0 во сетови.

Од самиот старт ба мечот нашите одбојкарки ја најавија победата. Во првиот сет на противничките им препуштија само 11 поени (25-11). Во вториот сет напите одбојкарки имаа и пет поени предност, 10-5, но тука се опуштија. Му дозволија на противникот за се врати во игра дури и да поведе со четири разлика. Сепак таа негатива беше надополнета, а со пет поени во низа македонските одбојкарки успеаја да го добијат сетот со 25-21. Во третиот сет рамноправно се играше само до 10-10, по што напите одбојкари направија серија од 7-1. Со тоа го најавија и триумфот, го добија сетот со 25-15, а мечот со 3:0.

Утре следува нов предизвик, во далеку по квалитетната селекција на Австрија против која мечот ќе се игра во терминот од 17 часот.

Потсетување дека третиот турнир, повторно ќе се игра во Струмица и тоа на 13 и 14 јуни.

Следете нé на социјалните мрежи