Во кошаркарската Евролига денеска и утре на програмата се дуелите од 29-тото коло.

До крајот на регуларниот дел остануваат уште пет рунда. Само три тима веќе и теоретски ги загубија шансите за пласман во плејофот и тоа Панатинаикос, Лион Вилербан и берлинска Алба.

Теорија го одржува минхенски Баерн, додека Црвена Звезда и Олимпија Милано се тимовите кои ќе зависат не само од своите туку и од резултатите на конкурентите.

Од натпреварите кои директно во оваа рунда можат да решаваат за пласман во плејофот, е оној во Истанбул, каде на мегдан на двојкратниот шампион Анадолу Ефес доаѓа белградски Партизан.

Турскиот тим е 10-ти со една победа помалку од Басконија, Партизан, Макаби и Жалгирис, па победа е императив за бранителот на трофејот.

Токму со овој натпревар што ќе се игра во терминот од 18.30 часот, ќе биде отворена 29-тата рунда, во која денеска ќе се играат и средбите:
19:00 МОНАКО – ВИРТУС БОЛОЊА
19:00 ЖАЛГИРИС – ОЛИМПИЈАКОС
20:05 МАКАБИ ТА – БАСКОНИЈА
20:30 ВАЛЕНСИЈА – ФЕНЕРБАХЧЕ
20:45 РЕАЛ МАДРИД – МИЛАН
21:00 ЛИОН ВИЛЕРБАН – ПАНАТИНАИКОС

Преостанатите два натпревари од ова коло на програмата се утре,
20:30 БАРСЕЛОНА – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
20:30 БАЕРН – АЛБА БЕРЛИН