Наполи е друга димензија во однос на Ајнтрахт Франкфурт и со уште една победа, овој пат уште поубедлива од правата средба која заврши 0-2, сега избраниците на Спалети на домашен терен славеа со 3-0 и со вкупен резултат од 5-0, буквално го демолираа германскиот претставник, Ајнтрахт Франкфурт.

Најдобриот стрелец на тимот од Наполи оваа сезона, Виктор Осимен во судиското надополнување од првиот дел, го искористи додавањето на Политано и го совлада Кевин Трап за водство од 1-0.
Истиот играч во 53-тата минута ги разреши сите дилеми доколку ги имаше на овој двомеч и со својот втор погодок на натпреварот зголеми на 2-0.
Третиот гол на вечерта беше дело на полскиот репрезентативец, Зиелински, кој во 64-тата минута мирно го реализираше ударот од белата точка.

Македонскиот репрезентативец, Ељиф Елмас натпреварот го започна од клупата за резерви, а шанса за настап доби во 74-тата минута, кога го замени Квадрасцекелија.

Со оваа победа Наполи стана третиот претставник на Италија кој се пласираше во 1/4, нешто што се случува прв пат после 17 години.