По неверојатната „голеада“ на Енфилд каде што видовме седум гола, реванш натпреварот во Мадрид заврши со минимална победа за домаќините, кој заедно со Наполи ги комплетираа осумте најдобри во Лигата на Шампионите.

Црвените пристигнаа на „Сантијаго Бернабеу“ со негативата од 3 гола и високи очекување од големиот број фанови кој дојдоа во Мадрид со цел да видат пресврт. Сепак тимот на Клоп немаше  сили или поточно Реал не им остави простор за такво нешто.

Првиот дел од натпреварот помина во знакот на голманите, а особено се истакна чуварот на мрежата на Ливерпул, Алисон, кој со неверојатни одбрани го чуваше својот гол и колку толку ја одржуваше надежта за неговиот тим.

„Кралскиот клуб“ иако со предност од три гола фуриозно напаѓаше за на крај да го матира бразилскиот голман преку Бензема во 79 минута. Со вкупен резултат од 6-2 Реал Мадрид се пласира во четврт-финалето на Лигата на Шампионите, каде што ќе учествува на ждрепката помеѓу осумте најдобри во петок во 12 часот.