Во возбудлива трка на улиците на Монте Карло, Ландо Норис ја одбрани пол-позицијата и славеше победа за тимот на Мекларен.
Британецот успеа да го одржи темпото и да го задржи притисокот од конкурентите, па заслужено ја оствари втората овосезонска победа, по отворањето во Австралија.
Место на пиедесталот обезбедија возачот на Ферари, Шарл Леклер, тимскиот колега Норис, Оскар Пјастри.
Актуелниот светски шампион Макс Верстапен имаше потешкотии и заврши зад водечката тројка, заземајќи четврто место.
Со оваа победа Норис ја намали предност на тимскиот колега Пјастри во борбата за шампионската титула. Пјастри останува лидер со 161 поени, а Норис сега има 158 поени, додека Макс Верстапен има 136 поени.
Трката во Монако повторно покажа зошто е една од највозбудливите во календарот на Формула 1, со возачи кои се борат до последниот круг. Следната трка (1 јуни) кога на програмата е шпанското Гранд-при во Барселона, ветува возбудувања и неизвесна борба за титулата.





































