Ракометарите на Алкалоид се пред историски успех, да го освојат првиот трофеј на европската сцена. Тимот од Автокоманда, вечерва го игра реванш финалниот дуел со грчки АЕК во Европскиот Куп.
Картите за овој натпревар одамна се распродадени. МВР најави посебен режим на сообраќај околу арената „Борис Трајковски“.
Од таборот на Алкалоид упатија апел, важна информација, за навивачите кои ќе одат да го бодрат тимот на лице место.
К Алкалоид ги информира посетителите на финалето против РК АЕК од Атина во Европскиот Куп на ЕХФ дека влезовите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени во 18:45 часот и ќе се затвораат во 20:00 часот!
Се молат сите посетители да дојдат во сала навремено, со цел да се избегне метеж при влезот, како и при стандардната проверка на билетите!
Се гледаме во сала! Заедно да го бодриме нашиот тим коректно и достоинствено, да уживаме во ракометниот празник и да навиваме за РК Алкалоид!





































