Во Евролигата денеска во Дубаи стартува завршниот „Фајнал-фор“ турнир“, по кој ќе го дознаеме шампионот за оваа сезона.

Две грчки, една турка и француска екипа ќе се борат за трофејот што го браната кошаркарите на Панатинаикос.

Актуелниот шампион за противник во полуфиналето го има големиот турски ривал Фенербахче во натпреварот што ќе почне од 17 часот.

Во вечерниот термин од 20 часот на програмата е второто полуфинале, а во него втората грчка екипа, Олимпијакос за противник ќе го има францускиот Монако.

Натпреварите за пласман се во недела, а финалето ќе се игра од 20 часот.