Кошаркарите на Маџари се првите што се пласираа во финалето од плеј-офот на Втората лига.
Маџари и по втор пат во полуфиналето беше подобар од вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. и со 2:0 во победи ја затвори серијата.
За разлика од првиот натпревар, во кој победникот беше решен во финишот, денеска не беше така. Искусниот тим на Маџари од самиот старт сериозно си ја сфати задачата и уште во првиот дел ја најави победата. Гостите го добија првиот квартал со 9 разлика (14-23), а во вториот додадоа уште 12 (10-22). Веќе на полувремето Маџари имаше убедливо водство (24-45), па вториот дел беше само формалност. Конечниот резултат гласеше 55-78 за Маџари.
Со пласманот во финалето тимот на Маџари се промовира во нов член на Првата лига за следната сезона.
Кој ќе биде противник на Маџари во финалето ќе дознаеме по дуелот меѓу Соколи и Ангели. Вечерва (19 часот) во Штип тие ќе го играат второто натпревар. Во него скопската екипа влегува со предност од 1:0 во победи, па доколку триумфира и денеска ќе стане финалист.