Македонската ракометна репрезентација утринава патува за Талин каде утре ќе игра против Естонија.

Ова е претпоследниот натпревар во квалификациите за ЕП 2026-та година. Македонија е трета на табелата зад Словенија која веќе обезбеди пласман на првенството и Литванија која е наш конкурент.

Затоа., други опции за македонските ракометари освен победа на двата последни дуели нема. Пивотменот Жарко Пешевски верува дека искуството и квалитетот кое го има македонската селекција ќе биде доволно за позитивни исходи по двата меча.

Утрешниот против Естонците ќе почне од 18 часот, а во истиот термин во недела (11 мај) во Скопје ќе се игра и дуелот со Литванија.