Во Првата македонска фудбалска лига попладнево ќе се играат три натпревари од 31 коло.

Дербито е во Тетово, пред празни трибини, каде лидерот на табелата Шкендија ќе го пречека трето рангираниот тим на Работнички.

Двата тима веќе обезбедија излез на европската сцена. Ова откако актуелниот првак Струга Т.Л. вчера одигра 0-0 со Вардар, па Работнички на две кола до крајот има недостижни седум бода предност во однос на стружани.

За „Романтичарите“ овој дуел е без императив, но за тетовци и тоа како важен. Шкендија има само еден бод предност во однос на Силекс кој во оваа рунда прокнижи три службени бода (требаше да игра со Гостивар). Победа на Шкендија денеска заедно со гарантираните три бода од следното коло (Гостивар), на тетовци ќе им ја осигрура титулата, пред дербито со Силекс во последната рунда.

Затоа дуелот во Тетово денеска може да биде еден од решавачките за идниот шампион на Македонија.

Натпреварот ќе започне во терминот од 17 часот, како и другите два во Кавадарци и Струмица.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА