Кошаркарите Денвер со „брејк“ ја почнаа полуфиналната конференциска пресметка со Оклахома Сити во НБА плеј-офот на западната конференција. Нагетс славеа триумф со резултат 121-119 и поведоа со 1:0 во победи.

Гостите водеа поголемиот дел од првата четвртина, која сепак заврши со водство на домашната екипа (27:26). Тандер доминираа во играта, водеа со 60:50 по втората, а на крајот од третата четвртина беше 90:85 за домашниот тим.

Сепак, во последната четвртина, Нагетсите се доближија и на 13 секунди до крајот на 117:116. Шаи Гилџус-Александар ја врати предноста од три поени на својот тим, по што следеше „луда“ завршница. Арон Гордон погоди две слободни фрлања, а потоа погоди и тројка четири секунди пред крајот на натпреварот, носејќи му на својот тим голема победа.

Никола Јокиќ повторно беше неверојатно добар со 42 поени и 22 скока, заедно со шест асистенции, додека играчот на натпреварот Арон Гордон додаде 14 скока и 22 поени.

Кај Тандер, Шаи Гилџус-Александар беше одличен со 33 поени, десет скока и осум асистенции, а од неговите соиграчи може да го издвоиме и Алекс Карус со 20 поени.

И следниот натпревар во серијата подоар до четири победи ќе се игра во Оклахома Сити во четврток наутро (3:30 часот)