Одбојкарите на Струмица ја одбранија титула шампион на Македонија. Ова откако струмичани, вечерва пред својата публика, во четвртиот финален меч го совлада Штип УГД со 3:1 во сетови. Со тоа, Струмица јас затвори серијата со три победи и еден пораз.
Домашниот тим на одлична го отвори натпреварот и уште во првата фаза создаде седум поени предности за водство од 8-1. Иако гостите во финишот ја намалија негативата на само поени (21-19 и 22-20), сепак тоа не беше доволно за комплетен пресврт. Струмичани го решија првиот сет во своја полза со 25-21.
И во вториот сет речиси иста слика, струмичани брзо создадоа шест поени предности во два наврати 13-7 и 14-8. Беа разиграни домашните одбојкари и чесно го приведоа сетот до крај со 25-19, за предност од 2:0 во сетови.
Таквото водство како да доведе до опуштање во редовите на домашните одбојкари. Затоа пак госите од Штип одиграа одлично во третиот сет. Штипјани сетот го добија со 16-25 , за намалување на 2:1 во сетови.
Загубениот сет како да ги налути струмичани, па во четвртиот сет отворија со убедливи 6-0. Водеа домаќините и со 20-13, но штипјани успеаја да израмнат на 20-20. Сепак немаа гостите сили за комплетен пресврт, па Струмица го добо сетот со 25-23, а мечот со 3:1, и заслужено славјето почна.
За екипата на Струмица ова е 12 титула шампион на Македонија