Машкото одбојкарско првенство е при самиот крај, се игра финалната серија која ќе го даде шампионот за сезоната 2024/25.

Попладнево на програмата е третиот меч и тоа во Штип.

Во него, актуелниот шампион Струмица ја има првата „меч топка“ за освојување на нов трофеј. Имено струмичани веќе остварија две победи, па им треба уште една да стигнат до 12-тата титула.

Од другата страна, домашниот тим на Штип УГД се надева на првата финална победа. Со неа штипјани барем за миг би ја продолжиле финалната серија, а со тоа и надежта за прва шампионска титула. Но, за такво нешто домашните одбојкари ќе мора да одиграат далеку подобро, особено во однос на првиот меч што пред својата публика го загубија со 1-3.

Како ќе изгледа сето тоа на теренот ќе видиме во мечот што ќе почне од 19 часот, а ќе може да го гледате низ директен ТВ предност на МРТ3 (овде).