Во најквалитетната европска клупска кошаркарска конкуренција, Евролигата, се игра првата рунда од плеј-офот односно четвртфиналето.

Вечерва на програмата се вторите натпревари во Атина и Истанбул. Во нив, Панатинаикос и Фенербахче ги пречекуваат Анадолу Ефес и Париз. Домаќините во првите дуели славеа победи и имаат предност од 1:0 во серијата подобар до три.

Во иста ситуација се и домаќините на другите два четвртфинални дуели Олимпијакос и Монако. Тие ги добија дуелите со шпанските Реал Мадрид и Барселона, а и во вторите дуели што ќе се играат утре ќе бидат домаќини.

Вечерашните дуели во Истанбул и Атина ќе се играат во термините од 19.45 и 20.30 часот.