Во женската ракометна Суперлигашка плеј-оф конкуренција, на програмата се натпреварите од 14-тото коло.

Денешниот ден носи два натпревари што ќе почнат во исто време од 18:30 часот.

Лидерот на табелата, Ѓорче Петров со максимални 27 бодови, ќе го пречека тимот на Куманово. Ѓорче е апсолутен фаворит, но Куманово, иако со само 7 бодови, сигурно ќе се обиде да пружи достоен отпор.

Во исто време, Астибо ќе игра на домашен терен против Вардар. Тимот од Штип сè уште е без освоен бод во плеј-офот, а шанса за прва победа ќе бара денеска. Вардар, со исто толку бодови како и Куманово, исто така ќе брка триумф за да се одлепи од конкурентите.

Утре (четврток) од 18 часот, се игра последниот натпревар од колото меѓу Чаир и Металург Автокоманда. Ова е директен дуел за второто место, бидејќи Чаир има 19, а Металург 21 бод. Победникот од овој натпревар ќе направи значаен чекор кон подобра позиција пред финишот на сезоната.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 14.КОЛО

Среда / 23 април
18.30 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО
18.30 АСТИБО – ВАРДАР
Четврток / 24 април
18.00 ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 27 бодови, Металург Автокоманда 21, Чаир 19, Вардар 7, Куманово 7, Астибо 0.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Ивона Кимовска