Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, триумфираше на Големата награда на Саудиска Арабија, петта трка во шампионатот во Формула 1.

Австралиецот ја извојува втората победа по ред на улиците на Џеда, откако победи во Бахреин пред една недела, а трета сезонава.

Најблиску до Пјастри беше Макс Верстапен во болидот на Ред Бул, додека возачот на Ферари, Шарл Леклер се најде на третото скалило на подиумот.

Ландо Норис кој пред оваа трка беше лидер во генералниот поредок, денеска стартуваше како десетти и стигна до четвртата позиција.

По новиот триумф, Пјастри го презеде водството во Генералниот поредок со 99 бодови. Норис е втор со 10 помалку, додека заостанувањето на Верстапен во однос на Австралиецот сега е 12 бода.

Шампионаттот во Формула 1 продолжува со Големата награда на Мајами од 2 до 4 мај.