Во фудбалскиот шампионат на Македонија, односно Првата лига, денеска се одиграат пет од шесте натпреварите од 28-мото коло.
Дуелот во Охрид каде Воска спорт го пречека Вардар не го доживеа својот крај и беше прекинат во 86-тата минута при резултат 1-1. Во 17-тата минута домашниот тим изведе брза акција по десната страна која со водство ја круниса интернационалецот од Гана, Кинтон Осеи. Вардарци стигнаа до израмнување во 72.минута со голот на Дуранскии.
Домаќините сметаа дека топката не ја минала гол линијата и бурно реагираа. Бадијала беа сите реакции кон судиската тројка, па незадоволни од таквата одлука ја повлекоа екипата. По ова сигурно дека ќе следуваат и санкции, но и многу работа за дисциплинците и судиската комисија на ФФМ.
Дербито на колото во Струга каде шампионот Трим Лум го пречекува четврто пласираниот Гостивар заврши без победник 1-1.
По само шест минути игра во вториот дел (51), заспаноста на домашната одбрана ја казни 99 за водство на Гостивар од 0-1. Стружани до израмнувањето стигнаа во 86.минута со голот на Компаоре.
Лидерот на табелата тетовска Шкендија на гостувањето во Гостивар кај Беса во дуелот со пет голови победи со 3-2.
На стартот на 13.минута домаќините преку Селмани ја искористија грешката на одбраната на Шкендија и поведоа со 1-0. Тетовци брзо се вратија во игра и веќе во 23.минута преки Бесарт Ибраими од пенал израмнија на 1-1. Само 13,минути подоцна акцијата во два потега со гол ја круниса 29 за водство на тетовци од 1-2. Домашниот состав на Беса стигна до израмнување во 65.минута. По нафрлувањето од левата страна најдобро во казнениот простор на Шкендија се снајде 8 кој погоди со глава за 2-2. Голеадата тука не престана, бидејчи во 71.минута Тетовци повторно ја вратија предноста со погодокот на Мерџан за 2-3.
На Чаир, второ пласираниот Силекс со пресврт во вториот дел го победи Шкупи со 1-2.
Домашниот тим го отвори резултатот во 32.минута со убавиот гол на интернационалецот од Гана, Клемент Ансах. Во второто полувреме, кратовци постигнаа два брзи гола. Првиот на Георгиевски во 62.минута беше од сомнителна офсајд ситуација, но и покрај реакциите на домаќините голот беше признат. Само седум минути подоцна (69) Алиќ го постигна вториот гол за кратовци и победа од 1-2.
Со Скопје, на арената „Тодор Проевски“ се одигра и дуелот меѓу Работнички и Пелистер кој исто така заврши со пресврт победа во вториот дел, но таму за домашниот тим на Ра Работнички со 2-1.
Во финишот на првото полувреме односно 44.минута Пелистер поведе со 0-1 со голот на Ивановски. Во вториот дел Гондо го израмни резултатот на 1-1, а во 88-та стигна и пресвртот за триумф од 2-1.
И дуелот Кавадарци, меѓу Тиквеш и АП Брера заврши со истиот резултат 2-1 за домаќините.
Во 25.минута „мат“ во два потега доживеа гостите, откако по долго упатената топка Стојкоски ја затресе мрежата на струмичани. Во финишот на мечот беа постигнати уште два гола. Во 85.минута Воша ја казни „авантурата„“ на гостинската одбрана, а во судиското дополнение (90+4) Травали ги постави конечните 2-1.
На табелата, Шкендија и Силекс ја продолжуваат „мртвата“ трка за шампионскиот трофеј, а разликата остана четири бода во полза на тетовци. Зад нив е Работнички со 52, а останатите екипи веќе имаат големо заостанување.
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА




































