Во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, на „Емирати“ во Лондон, Арсенал го совлада актуелниот шампион Реал Мадрид со 3-0.

Два фантастични гола на Деклан Рајс и оној на Микел Мерино му донесе голема предност на Арсенал во дуелот со Реал.

Правото возбудување се случи во 14-тата минута кога по ударот на Рајс, топката во рака го удри Асенсио. И покрај реакцијата на домашните фудбалери и навивачи, а и по прегледување на ВАР снимката, немаше пенал за Арсенал.

Во 31,минута по брзата акција на гостите се закани Мбапе, но домашниот голман Раја одлично одбрани. Затоа пак во финишот на полувремето на спротивната страна се истакна Тибо Куртоа. Белгискиот голман со две прекрасни интервенции го спаси голот на Реал и не дозволи водство на Арсенал, па на полувреме се замина со печениот резултат.

Затоа пак, во 57.минута Куртоа едноставно не можеше да направи ништо по фантастичниот изведен слободен удар на Деклан Рајс. Неговиот удар од 25.метри едноставно го заобиколи живиот ѕид и заврши во спротивниот агол од голот на Куртоа. Во 66.минута „топчиите“ имаа двојна шанса за втор гол, но двата обиди на Мерино и оној на Мартинели, ги изблокираа Белингем, Куртоа и Алаба.

Не се чекаше долго (70) на новите возбудувања, а пак на сцена стапи Рајс, со вториот фантастичен гол, пак од слободен удар. Само пет минути подоцна (75) во листата на стрелци се запиша и Микел Мерино за 3-0.

Така на реваншот во Мадрид, што ќе се игра следната среда (16 април), актуелниот европски првак ќе има тешка задача.