Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија и по трет пат претрпе пораз во Лигата на Нациите.

По двата на домашен терен (Косово 0-4 и Летонија 1-2), денеска нашата селекција загуби, пак од Косово. На натпреварот одигран во Приштина, а во рамките од „Ц“ сегментот на групата 6, Македонија загуби со 3-0.

Иако во првиот дел нашите фудбалерки беа поблиску до постигнување на гол, сепак резултатот остана не променет. Трите гола беа постигнати во вториот дел, а два пати во листата на стрелците се запиша Дикај (50 и 66.минута). Стрелец на третиот гол беше Мемети во 85-тата минута.

По овој пораз, Македонија останува на нула бодови и последното место на табелата, на која Косово сега е лидер со 6, колку и Летонија која има натпревар помалку.

За напите фудбалерки останува уште дуел со Летонија на гостински терен на 30 мај.