Женска фудбалска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра вториот натпревар во во Лигата на Нации.
Во рамките од шестата група од сегментот Ц, нашите фудбалерки денеска ќе се сретнат со Летонија.
Летонките дојдоа во Скопје како прво пласирани на табелата по победата над Косово (1-0), а ние сме трети со поразот од истата селекција дома со 0-4. За разлика од првиот натпревар, сега нашата селекција е посилна за својата најдобра фудбалерка Наташа Андонова. Ќе биде ли тоа доволно да се извлече победа, останува да се види.
Дуелот Македонија – Летонија што ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ , ќе почне од 15 часот. Натпреварот ќе може да го гледате низ директен ТВ пренос на МРТ3 (овде).
Инаку тоа е првиот од двата натпревари што напите фудбалерки ќе го играат во овој априлски термин. Вториот е по четири дена (8 април) на гостувањето кај Косово.





































