Втор ден на натпревари на завршницата на одбојкарскиот Куп на Македонија, што се одржува во Радовиш.
Вчера ги дознавме финалистите во машка, а денеска ќе ги дознаеме екипите во женска конкуренција, што ќе се борат за трофејот.
За разлика од машкото, кое практично ќе биде реприза на ланското финале, кај дамите ќе имаме нов освојувач. Ова откако минатогодишниот Струмица беше елиминиран во осминафиналната рунда. Така струмичанки нема да имаат шанса да го бранат трофејот. За него ќе се борат, три скопски и една струмичка екипа.
Како главни фаворитки за титулата се извојуваат одбојкарките на Работнички и Јанта Волеј, но, само една од нив ќе има шанса а тоа. Ова бидејќи актуелните шампионки Работнички и минатогодишните финалисти во Купот, Јанта Волеј, меѓусебно ќе играат во полуфиналето.
Овој дуел ќе биде втор на денешната програма, а ќе почне од 20 часот. Претходно од (17 часот), за место во финалето ќе се борат Наковски волеј и Фиф Фан волеј.
Финалните натпревари се закажани за утре. Дамите ќе играат во терминот од 16, а мажите од 19 часот.
Сите натпревари може да ги гледате низ директен ТВ пренос на МРТ3 (овде).

































