Првиот натпревар од полуфиналето од Европскиот куп, македонскиот претставник Алкалоид ќе го игра на домашен терен на 20.април – недела и тоа во „својот дом“ во салата Автокоманда.

Натпреварот против Рунар Сандерфјорд ќе се игра и на големиот христијан празник Велигден, а почетокот на дуелот е во 19 часот.

Реванш дуелот се игра на 27.април во Сандефјорд со почеток во 17 часот.