Со денешните два натпревара продолжуваат ракометните возбудувања во женската Супер лига.

Пролетната сезона ќе ја отворат ракометарките на ЖРК Куманово и ЖРК Овче Поле Су, а почетокот на овој дуел е во 14:30 часот.

Попладнево во салата на ОУ „Круме Кепески“ ќе играат и првото дерби во кое Вардар ќе го пречека Металург, во мечот со почетокот од 17 часот, кој може да го следите ВО ЖИВО ОВДЕ.

Другите два дуела на програмата се утре.
Шампионот Ѓорче Петров гостува во Битола кај ЖРК Пелистер 2012 (почеток на дуелот 17 часот), додека Чаир е домаќин на Стружанка во салата во ОУ „7.март“.

Табела: Ѓорче Петров 18 бодови, Металург 12, Чаир 12, Вардар 12, Куманово 9, Пелистер 3, Стружанка 3, Овче Поле СУ 3.

Денеска се играат и трите дуели од плеј аут лигата – 1.коло, а двојките се: ЖРК Шампион – ЖРК Астибо (почеток 13 ч., сала „Автокоманда“), ЖРК Гевгелија – РК Кузман Вардар (почеток 14 ч.) и ЖРК Скопје – РК Деспина (почеток 17:30 ч. сала „Форца“). Во ова коло слободна е екипата на Спартак.

Табела: Шампион 15 бодови, Скопје 10, Астибо 9, Деспина 9, Гевгелија 9, Спартак 1, Кузман Вардар 0.