Со натпреварот што ќе се игра попладнево во Кратово, а во кој Силекс ќе ја пречека екипата на Скопје ќе биде отворен третиот и последен дел во Првата македонска фудбалска лига.

Ќе бидат одиграни вкупно 11 кола, односно секој од тимовите ќе одигра по 10 натпревари, по што ќе го дознаеме и шампионот за оваа сезоната 2022/2023.

Средбата во Кратово е во рамките од 23.коло, а ќе започне од 14 часот, термин во кој  утре ќе играат:
СТРУГА Т.Л. – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
ШКЕДНИЈА – АКЕДЕМИЈА ПАНДЕВ
БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА
Слободен во ова коло е ТИКВЕШ

ТАБЕЛА
1 СТРУГА 42 Бодови
2 ШКУПИ 38
3 ШКЕНДИЈА 35
4 СИЛЕКС 32
5 БРЕГАЛНИЦА 29
6 ТИКВЕШ 28
7 МАКЕДОНИЈА ЃП 25
8 РАБОТНИЧКИ 24
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 19
10 СКОПЈЕ 14
11 ПОБЕДА 13