Шесткратниот победник на Лигата на Европа, шпанска Севиља најави нов поход на титулата во оваа натпреварување откако вечерва на домашен терен со сигурни 2-0 го совлада турскиот претставник, тимот на Фенербахче.

Севиља до оваа победа дојде со головите на Џоан Жордан и Ерик Ламела. Шпанскиот играч за врска Џоан Жордан доби шанса на почетокот на второто полувреме и врати на најдобар можен начин, со гол во 56-тата минута за предност од 1-0.
Искусното аргентинско-хрватско дуо, Ламела – Ракетиќ со одлична комбинација во 85-тата минута, каде Хрватот Ракетиќ беше во улога на асистент а Аргентинецот Ерик Ламела во улога на голгетер совладувајќи го по втор пат Баиндир ги поставија конечни 2-0.

За потсетување, Македонскиот репрезентативец во редовите на Фенербахче, Алиоски е изоставен од списокот на играчи за Лигата на Европа и нема да биде во комбинација за натпреварите од оваа натпреварување.
Реванш натпреварот се игра на 16-ти март со почеток во 18:45 во Истанбул.